Имам нешто да те прашам

ДНК, Драган Мијалковски и Нино Величковски главни ѕвезди за дочекот на Новата годинна во Охрид

Како што не известуваат од кабинетот на Градоначалникот на Општина Охрид, Г-нот Кирил Пецаков, охриѓани подготвуваат богата и интересна новогодшна програма која ќе ги забавува граѓаните на Охрид, туристите и сите оние кои Новата година планираат да ја дочекаат во ова наше познато туристичко место.

Новогодишната програма ќе започне на 28-ми декември со програма наменета за најмладите, односно, на градскиот плоштад “Св. Климент Охридски“ во Охрид присутната публика ќе ги забавуваат Биби и Боби и „Светот на Биби“.

Следниот ден пак, на 29-ти декември на плоштадот ќе се одржи театарската претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“, а на 30-ти декември детската претстава „Далматино и Дедо Мраз“. На 31 декември на плоштадот ќе биде одржан музичко – театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“.

Сите случувања кои се дел од новогодишната програма, а се посветени за најмладите ќе започнуваат во 12:30 часот.

Што се однесува до забавниот дел за новогодишната ноќ и дочекот на Новата 2024-та година, на 31 декември, на градскиот плоштад во Охрид ќе се погрижат диџеите Јана Слеј и Багзи, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“. Почетокот е закажан за 21 часот. На 1-ви јануари 2024 година точно на пладне ќе настапат групата „Балкан џем“ и Драган Мијалкоски.

Организаторите очекуваат одлична забава и задоволни граѓани и посетители од земјава и странство.

Фото: Стојан Стојановски/2С

Можеби ќе ве интересира: