Имам нешто да те прашам

Сара Маркоска: Од Дедо Мраз сакам полна ќеса чоколади (Видео)

Таа на само 17 години победи на овогодинешното издание на фестивалот за забавна музика во Штип “Макфест” со песната “После него”. Млада е, убава, борбена и пред се успешна. Сања Маркоска, таа вели дека уште од мала го сакала Дедо Мраз, а најмногу од се за Нова година сака чоколади. Како се чувствува, каде ќе ја прослави и со кого Новата 2013-та, прочитајте во продолжение…

Музика24: Како се чувствуваш секогаш кога се наближува Новата година, дали можеби како некое мало дете оставаш празни новогодишни чорапчиња и го чекаш својот подарок од Дедо Мраз, дали можеби размислуваш и потајно си фантазираш… дали можеби се чувствуваш некако посебно, новогодишно… или ти е сеедно што се наближува Нова година?

Сара: Секогаш сум многу возбудена пред Нова година и многу ја сакам предновогодишната атмосфера. Уште од малечка верувам во Дедо Мраз, бидејќи секогаш под елката наоѓав пакетче и подарок што сум го посакувала. Оваа година, Дедо Мраз сакам да ми подари ќеса полна чоколади и многу здравје, љубов и среќа.

Музика24: Како вообичаено се подготвуваш за Новата година? Купуваш многу храна, некоја посебно убава книга, купуваш подароци за своите најблиски… си купуваш нешто за себе?

Сара: Купувам лампиони и сијалички за да си ја накитам елката и воопшто целиот дом. Купувам храна, особено чоколади што мора да ги има за Нова година и секако купувам мали подароци за да им оддадам важност на моите најблиски.

Музика24: Што претставува за тебе новогодишната еуфорија? Што претставува воопшто пречекот за Нова година, како го доживуваш сето тоа? Дали тоа и тебе ти се случува, дали те фаќа она новогодишното?

Сара: Секоја Нова година, ме фаќа она новогодишното. За мене, Новата година претставува нов почеток. Веќе неколку години по ред славам со друштво, па така и оваа година ќе има многу забава. Кога ќе помислам на Нова година, освен на Дедо Мраз и забава, помислувам и на честитањето после 00 часот, кога не можеш да пратиш порака или да се слушнеш со најблиските поради тоа што сите мрежи се зафатени хахаха (се смее).

Музика24: Како и каде планираш да ја дочекаш новата 2013-та година?

Сара: Со друштво во Маврово, најверојатно во Ратрак.

Музика24: Кој е според тебе настанот на музички план кој што ја одбележи 2012-та, а која пак песна може слободно да кажеме дека е песна на годината?

Сара: Зборувам во мое име, за она што мене ми остави најголем впечаток: Настан којшто ја обележи 2012-та е “Макфест”, со песната “После него”.

Музика24: Кои се твоите планови, замисли… кои што би сакала да ти се остварат во текот на идната Нова година, нешто што досега не ти се случило?

Сара: Сакам да го снимам првиот спот, сакам да отидам за прв пат да ја посетам сестра ми во Лондон, сакам да бидам уште поуспешна од оваа година и секако сакам убаво да ми тргне годинава, станувам полнолетна.

Музика24: Што би им посакала во новата 2013-та година на нашите Музика24 интернет читатели, а воедно и на твоите фанови и обожаватели?

Сара: Да си поминат најубаво за Новогодишната ноќ! Да им се исполнат сите замислени желби, да бидат здрави, среќни и заљубени во Новата 2013-та година! Поздрав.

Интервјуто го подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: