Магазин

Познатата балканска фолк пејачка Рада Манојловиќ ја “уништи” македонската народна песна „Македонско девојче“ (Видео)

Неодамна низ интернет просторот, на Тик-Ток и на останатите социјални мрежи се појави снимка од настап на познатата, убава и згодна балканска фолк пејачка Рада Манојловиќ како таа на тој настап ја пее македонската народна песна „Македонско девојче“.

И ништо немаше да биде чудно ако се беше во ред. Но не беше така. Рада на својот настап наместо да го отпее оној дел „китка шарена“, таа тоа го пее како „ки*а шарена“ што преведено од српски јазик во буквален превод значи машки полов орган – пенис.

Во неодамнешно гостување на Телевизија Пинк, во познатата и гледана емисија „Амиџи шоу“, кога водителот изнеандувајќи ја прашува зошто псуела и ја навредила македонската песна, таа едноставно одговара:

„Бидејќи гледам дека ова видео има огромен број прегледи, чувствувам должност да го објавам. Знаете дека никогаш не употребувам недолични и вулгарни зборови во моите песни, а камоли така да го отпеам најголемиот македонски хит. Точно е дека звучи така, но само затоа што микрофонот застанал во тој момент. Не знам дали е кабелот или што, ама така е. И тоа не се случи само на таа песна, туку и на други во текот на вечерта, имавме проблем со кабелот и адаптерот, но секако, за жал, ја имав несреќата да го скршам токму тој збор и некој да го пее. Не сакам никого да навредам, знаеш дека тоа не е мој стил“, одговорила Манојловиќ.

Погледнете го видеото, исечок од тв емсијата и нејзиниот одговор.

Можеби ќе ве интересира: