Музика на кирилица

Многу емоции, солзи, позитивни реакции: Тамара и Тијана одржаа on-line концерт за кој долго ќе се зборува

Поради пандемијата со коронавирусот, естрадните уметници од Македонија, регионот, па и од светот речиси една година немаат настапи. Освен тоа што немаат настапи, поголемиот дел од пејачите не издаваат и музички дела. Бидејќи естрадата е во пауза од настапи во живо, односно во сали, дискотеки, ресторани, арени, со новото ново нормално се појави и нов начин на одржување на концерти односно on-line концерти.

Па, така Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска го имаа својот прв онлајн концерт.

Тијана и Тамара ги вкрстија гласовите, заедно отпејаа свои песни, песни од Тоше Проески, Жељко Самарџиќ, Жељко Јоксимовиќ, Парни Ваљак, Ѓорѓе Балашевиќ… Илјадници корисници на „Youbox“ го следеа нивниот концерт, а коментарите најчесто беа позитивни.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: