Музика на кирилица

Бас си замина кај својот сопственик: Почина последното милениче на Тоше (Фото)

Ретриверот Бас, последното милениче на поп-ѕвездата Тоше Проески, вчера починало на свои 14 години. Веста дека Бас си заминал кај сопственикот,  ја објави фан страницата на Тоше споделувајќи фотографии.

 

Според пишувањата во медиумите, Тоше околу половина година пред да почине го купил Бас од одгледувачница во Белград и го донел во својот стан во Злокуќани. По смртта на Тоше, Бас многу тагувал, па од Скопје бил однесен во Крушево. Според блиските на Тоше, кучето првите денови по трагедијата само седел во дворот и ниту јадело ниту пиело. Подоцна Бас се приврзал за Кристијан, внукот на Тоше.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: