Музика на кирилица

ЧЕТИРИТЕ КОНЦЕРТИ НА КАРОЛИНА РАСПРОДАДЕНИ, ДОДАДЕНИ УШТЕ НОВИ ТРИ

Закажаните четири концерти на коишто Каролина Гочева ќе го промовира новиот албум “Извор“, за 23, 24, 25 и 26-ти февруари во Македонска опера и балет се распродадени.

Поради големиот интерес, закажани се нови три концерти, на 01, 02 и 03 март, во Македонската Опера и Балет.

Влезниците во продажба ќе бидат пуштени во продажба на 14-ти февруари во 09 часот наутро, по цена од 800 денари, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн.

Со секоја купена влезница следува подарок, луксузно дигипак издание од новиот албум “Извор“, кој ќе може да се подигне по завршувањето на концертите.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: