Музика на кирилица

Двата концерти на Каролина веќе распродадени уште првиот ден

Не помина многу време од информацијата дека нашата позната македонска поп пејачка или уште попозната како нашето македонско девојче, Каролина Гочева, веќе следната година ќе одржи два големи концерти, а истите се веќе уште првиот ден распродадени. Ова е само уште еден показател дека публиката секогаш е желна да ја слуша Каролина во живо и доказ дека македонски артист и тоа како распродава концерти.

За прв пат и во сосема поинаква варијанта, Каролина на сцена ќе ја придружува целиот музички ансамбл на Македонската филхармонија, со репертоар кој ќе ги опфати најубавите песни од нејзината досегашна кариера, во комплетно нови аранжмани.

Инаку, концертите на нашата најголема музичка ѕвезда Каролина Гочева со Македонската филхармонија, се закажани за 15ти и 16ти февруари следната 2019та година. Билетите по цена од 1.000 денари се во продажба преку продажната мрежа на Авалон и онлајн на www.avalon.mk.

Можеби ќе ве интересира: