Музика на кирилица

Јубилејот 25 години кариера пејачката Милица Кузмановска ќе го прослави со издавање на ЦД

Во гостување во тв емисијата “Македонија денес” на Телевизија24, познатата македонска фолк пејачка Милица Кузмановска откри дека изминуваат веќе 25 години од нејзината музичка кариера, односно, 25 години како Милица пее и ги забавува сите свои фанови, обожаватели и публика.

“Имам некои планови, да речеме во блиска иднина, можеби тоа ќе се одбележи со едно авторско ЦД… така да има повеќе поводи, меѓудругото и моето постоење на естрадната сцена од 25 години”, изјави фолк пејачката Милица Кузмановска.

Таа меѓудругото кажа дека секогаш е поважно она внатрешното, отколку надворешниот изглед и кој како изгледа. За себе вели дека е добра домаќинка и дека ниту еден ден не остава не го подготви посакуваниот ручек, како за себе така и за семејството. Таа Новата 2020-та година ќе ја дочека работно во хотел “Континентал” во Скопје, заедно со колегите од групата “Нота”.

Можеби ќе ве интересира: