Музика на кирилица

Кристина Арнаудова најави нешто жестоко со групата Ван Гог (Фото)

Македонската рокерка, пејачката Кристина Арнаудова на својот фејсбук профил ги изненади своите фанови со фотографија заедно со рок легендите од Србија Ван Гог кој се моментално во Скопје како дел од нивната турнеја за новиот албум “Неумерен у свему”.

Она што не заинтересира нас, а и публиката, беше насловот на самата фотографија која гласеше “Ван Гог имаат нова пејачка”, што сака да ни укаже дека се подготвува нешто добро. Но сигурно е дека овој спој би бил интересен ако вроди со плод и да се подготви дует кој би звучел одлично за јавноста која е жедна за нешто ново на музичката сцена, па затоа во емисијата “Вечер со Весна” гледајте го интервјуто заедно со Кристина Арнаудова и Ван Гог каде ќе ни откријат за што точно станува збор.

Kristina Arnaudova i Van GogПодготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: