Музика на кирилица

Наскоро дует на Јана Стојановска и Раде Шербеџија

Македонската актерка и пејачка Јана Стојановска преку неколку месеци во Скопје сними дует со легендарниот хрватски артист Раде Шербеџија. Се работи за нумерата  „Кад умре љубав” чији автори се Шербеџија и покојниот Кемал Монтено.

-„Бев вон себе кога ми се јави Раде некаде ова време минатата година, и ме праша дали би сакала да ја снимиме „Кад умре љубав” заедно. Тоа е фантастична песна во која сум заљубена одамна. Тоа е дует напишан од Раде Шербеџија и Кемал Монтено а за која немаат заедничка аудио снимка. Песната е скоро готова , во генијален аранжман на браќата Тавитјан , само треба да се направат некои корекции кои налагаат да сме сите заедно. Короната ја успори целата работа но не брзаме никаде , се во свое време па така и песната ке излезе кога ќе и биде време.“ – вели Јана за Музика24.

Шербеџија е долгогодишен семеен пријател на Стојановски. Имено Јана освен што веќе неколку пати ја делеше сцената со Раде, таа и мајка ѝ Силвија беа дел од актерската постава на режисерското деби на Шербеџија, филмот „Ослободувањето на Скопје“.

Можеби ќе ве интересира: