Музика на кирилица

Следната година “Макфест” со помали парични награди

Фестивалот “Макфест” и следната година ќе се одржи вo втората половина на месец мај во Штип и ќе презентира вкупно 30 нови забавни мелодии. Во 3-те дена колку што е предвидено да трае фестивалот, ќе се одржат две полуфинални вечери, секоја со по 15 композиции и една финална вечер со вкупно 18 композиции, односно по 9 композиции од секоја полуфинална вечер кои ќе бидат избрани по пат на гласање. Предвиден е директен телевизиски пренос на трите фестивалски вечери, а изведувачите ќе настапуваат во живо во придружба на Ревискиот оркестар на МРТВ.

Општина Штип, како организатор и Министерството за култура, како главен покровител на манифестацијата, ќе доделат вредни награди во седум категории и тоа:

  • 1-ва награда во износ од 10.000 евра, која ќе биде доделена врз основа на вкупниот број освоени гласови во финалната вечер;
  • 2-ра награда во износ од 7.500 евра, која ќе биде доделена според вкупниот број освоени гласови во финалната вечер;
  • 3-та награда во износ од 5.000 евра, која ќе биде доделена според вкупниот број освоени гласови во финалната вечер;
  • Награда за најдобра вокална изведба во износ од 1.000 евра, која ќе му се додели на најдобриот изведувач согласно одлука донесена од страна на стручна комисија;
  • Награда “Драган Ѓаконовски – Шпато” во износ од 1.000 евра, која ќе му се додели на најдобриот аранжер согласно одлука донесена од страна на стручна комисија;
  • Награда за најдобар дебитант во износ од 1.000 евра, која ќе му биде доделена на најдобриот интерпретатор согласно одлука донесена од страна на стручна комисија;
  • Награда за најдобар сценски настап во износ од 1.000 евра, која ќе му биде доделена на најдобриот интерпретатор согласно одлука донесена од страна на стручна комисија; и

Признание за најслушана композиција меѓу два фестивала, кое ќе им биде доделено на авторите и изведувачите согласно одлука донесена врз основа на претходно изјаснување на петте национални радио станици. Рокот за пријавување трае до 31-ви јануари 2015 година, а за правилата и условите можете да прочитате на официјалната веб страна на фестивалот.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: