Премиера

„Ночна икона“ – нова песна од студиото на мега популарниот Саша Ковачевиќ (Видео)

На музика и аранжман на Раде и Саша Ковачевиќ и текст напишан од Милош Рогановиќ, познатиот и мега популарен балкански шармер, Саша Ковачевиќ ја промовираше неговата најнова песна „Ночна икона“. Миксот и мастерингот е работен во Барселона, во Ten Productions. Додека пак, за видеото да изгледа професионално и одлично како и секогаш, се потруди СК Медиа.

И оваа песна како и останатите е интересна, певлива, и е нешто сосема ново од овој познат балкански поп пејач. Освен Саша и неговата екипа, во видеото се појавува и убавиот модел Милица Стојсављевиќ.

Во продолжение, со задоволство Ви предлагаме да го погледнете неговото најново видео за најновата песна „Ночна икона“.

Уживајте!

Можеби ќе ве интересира: