Премиера

Прилепчанецот Филип Јездиќ ја промовираше својата најнова видео песна и видео спот (Видео)

Eден од најпознатите музичари кој ни доаѓа од градот Прилеп, Филип Језиќ, неодамна ја промовираше својата најнова песна “I’ll Destroy The Slave In Me” заедно со видео спот. Овој пат, Филип ги свири сите инструменти во најновата песна (тапани, гитара, бас, клавијатури), и меѓудругото на својот профил на социјалните мрежи промовирајќи го своето најново дело, тој напиша:

“И давам живот на мојата нова музика!!! ”I’ll Destroy The Slave In Me” е песна која ја напишав за хаосот во нас. За вечната борба на човекот со себе си”.

Песната е комплетно негово дело, а голема помош при реализацијата како на аудиото така и на видеото тој има од Томе Темелкоски, кој истовремено и е еден од вокалите во песната. Тој заедно со Наташа Седлоска се обидуваат да ви ја раскажат приказната на авторот.

Освен оваа екипа, во реализацијата на комплетното дело учество земаа: фотографот и камерман Петар Јанкоски, актерката Ангела Наумоска и шминкерките Бојана Артиновска Трпчевска и Наташа Ачански. Посебна благодарност Јездиќ упатува до: Дејан Стеваноски, Марија Спиркоска Илијеска, Драган Алексовски, Даринка Богојеска, Игор Дурлјанов и Саша Нацевски.

Можеби ќе ве интересира: