Во прв ред

Ареа со голем ексклузивен акустичен концерт во Македонската филхармонија (Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, на 19-ти април во Македонската филхармонија ексклузивно и акустично ќе може да го погледнеме концертот на групата Ареа насловен „АРЕА Unplugged концерт“, кој што истовремено ќе биде и снимен и дополнително и емитуван на една од македонските национални тв станици.

Картите за единствената акустична магија на групата Ареа ќе бидат пуштени во продажба од 1-ви март преку мрежата на mktickets.mk во органицација на Фреш Унион од каде што ви порачуваат да не чекате премногу, бидејќи билетите се во ограничен број.

Не заборавајте, 19-ти април, акустичен концерт во живо со групата Ареа во Македонската филхармонија, почеток 20 часот.

Можеби ќе ве интересира: