Во прв ред

Ексклузивен концерт на Раде Шербеџија во Македонска филхармонија

Во месецот на љубовта најголемиот боем од балканските простори, Раде Шербеџија ќе одржи ексклузивен концерт во Скопје, на 25-ти февруари. За да задоволството биде уште поголемо, концертот ќе биде во навистина незаменливиот амбиент на Македонската филхармонија.

Раде Шербеџија овој пат во Скопје доаѓа со проектот “Ti bi htjela pjesmom da ti kazem”, а ќе настапи и со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: “Ne daj se Ines”, “Meni se dušo od tebi ne rastaje”, “Ćekaj me”, “Imam pjesmu za tebe” и др. Најголемиот шармер на овие простори, пејач, поет и актер со холивудска слава, ќе биде придружуван од неговиот бенд “Западни колодвор” од Загреб.

Влезниците за концертот на Шербеџија ќе бидат пуштени во продажба во среда (25.12) наутро, по цена од 1.500 денари и ограничен број на ВИП влезници по цена од 2.000 денари и истите ќе бидат достапни за купување во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн. Од Авалон продукција потенцираат дека ќе се одржи само еден концерт.

Можеби ќе ве интересира: