Во прв ред

Интересни рајдер листи на ексклузивците на “Јелен Демофест 2014”

Од 17-ти до 19-ти јули на тврдината Кастел во Бања Лука ќе се одржува новото издание на “Јелен Демофест”, на млади демо бендови од цел регион. Од Македонија ќе настапуваат скопјаните од бедот “Визија”. Овој одличен фестивал се погрижи во ревијалниот дел да има светски имиња. Еве ги барањата на ревијалните изведувачи- свеќи за Гуано Апес, решо за Макс, интернет за Бренд Њу Хевис.

“Јелен Демофест” и порано се сретнувал со необични листи на желби на славните, па така зад сцената и на услуга на музичарите за секој случај морало да има забар, еден бенд барал копир-апарат, друг пиво кое исклучиво се продава на Јамајка, трет храна за која морало да се “скокне” до Индија. Овогодишните хеадлајнери пак имале вакви барања.

Jelen demofest_posterСите тие нагласиле дека до нив секогаш мора да има жешко кафе, чаеви, млеко, цедени овоши сокови, разни газирани и негазирани пијалоци, енергетски напитоци и безалкохолно пиво, како и гризини и слатки. За бендот Гуано Апес во Бања Лука секој ден и во секој момент мора да има квалитетен тост и печива, чинии со месо и сирење, како и зеленчук и сосови. Овие славни Германци сакаат да јадат туна, варено цвекло, неколку видови крем сирења и јогурти (обични и овошни), мусли, и свежо овошје. За секој случај, побарале и соковник. Околу дневните оброци Гуано Апес не барале многу, освен да им се прави англиски доручек по будењето, за ручек барале разни видови супи од зеленчук, а за вечера месо и риба со зеленчук и салата, и стандарни десерти, како и диња со пршута.

Пред самиот настап, за пејачката Сандра Насиќ во пресоблекувалната мора да има доста вода, но и квалитетно црно вино, чаеви, како и неколку кутии таблети за грло, и за добра атмосфера десет свеќи. Таа побарала и цд плеер и греалка. Остатокот од бендот ќе се загреваат со пиво, исклучиво во голема амбалажа, квалитетно црно вино “Риоја – Гран Ресерва”, вотка и пенливо вино. И задолжитело отворач.
Исто така, во собите во кои се Гуано Апес мора да има четири звучници и едно големо огледало, а после шоуата, енергијата ќе ја враќаат со сендвичи. Макс Ромео и неговите придружници се поскромни, па побарале една голема или две помали пресоблекувални, кои требаат да бидат опремени со мебел како просечна соба, вклучувајќи и микробранова печка. И едно решо за варење вода. Јамајканците истакнале дека не јадат црвено месо и свинско, па храната ќе им се состои од пилешко, тофу, црн леб разни житарици и сирење и овошје. Побарале и конзерви со туна и сардини, супа и лути сосови. Побарале и познати пива, кои мораат да бидат во стаклени шишиња, потоа и природни овошни сокови, газирани пијалоци и ледени чаеви. Тука се и енергетски пијалоци, гризини и слатки, како и кафе. Од жестоки алкохолни пијалоци побарале по едно шише коњак “Реми Мартин”, виски “Џек Даниел’с” и квалитетно црно вино.

Бренд Њу Хевис во Бања Лука доаѓаат со најмногу членови, за кои мора да има кафе и чаеви, сокови од сите видови, леб и дански печива, снегулки, а покрај обично, тука е и млекото од ориз. Во соблекувалната мора да има голема чинија со храна, доволна за деветмина, на која мора да доминираат месо и сирење, а мора да има и доволно ржан леб, за да си направат сендвичи на крај од концертната вечер. Тука се и чинии со зеленчуки разни соссови, а стандардно – овошје, грисини, но и тегла природен мед. Сокови од сите можни видови и енергетски пијалоци, и локално пиво. Ќе им биде достапно и едно шише “Курвоазие”, црно и бело вино. И многу мраз. За пред настап бараат салата и супи од зеленчук, риба и месо, и посебно вегетеријанско мени. Во десертот да доминира темно чоколадо. Откако ќе слезат од бина, освен вода и пиво, бендот ќе им бидат принесено и пици со разни додатоци, со акцент на хавајска пица со многу меса, но и вегетеријанска. Членовите на составот инсистираат на приватност, мир и тишина, така што дури ни меѓусебно не се цимери, а доколку не им се допадне хотелот, ќе побараат друг. Сепак, за крај, најважна ставка во хотелот е да има Wi-Fi.

Подготви: Валентина Горгиевска – Парго

Можеби ќе ве интересира: