Во прв ред

Македонска Каменица ќе гo слави Денот на рударите со Аца Лукас

Во склоп на Каменичко културно лето 2023, а по повод Денот на Општина Македонска Каменица и Денот на рударите, српската турбо фолк ѕвезда Аца Лукас ќе одржи концерт на оваа позната регионална манифестација. Организатор на манифестацијата е Општина Македонска Каменица и Културно-информативен центар „Романса”.

Покрај настапите на културно-уметнички друштва и спортските натпревари, музичката програма започнува на 26-ти август со Силви Бенд и Наум Петрески, на 27-ми август на програмата се Зуица Лазова и Дамјан Стојановски, а на 28-ми август пред Лукас ќе запеаат Бојана Скендеровски и Ламбе Алабакоски.

Лукас поради грешка на менаџментот беше највен како главна ѕвезда на Каменичкото културно лето и минатата година. Имено на Лукас му беа закажани два настапи во ист ден во два соседни града. Па на крајот, тој настапи во Крива Паланка, а Петар Грашо го замени во Македонска Каменица.

Како тоа помина минатата година, погледнете на следниот линк: Петар Грашо наместо Аца Лукас во Македонска Каменица.

Можеби ќе ве интересира: