Во прв ред

Погодете од кого Весна Бејби доби бакнеж на снимањето на “Вечер со Весна” (Фото)

По официјалното стартување на новото ток шоу “Вечер со Весна”, познатата актерка, водителка и stend up комичарка Весна Бејби Петрушевска, немаше од кого, а да не добие позитивна критика за самиот концепт на проектот и за тоа дека конечно по неколку години да погледнеме нешто добро на тв екраните. Нејзината најнова емисија, уште по првото прикажување во неделата на ТВ Алфа во 19.15 веќе почна да ја соборува гледаноста и симпатиите на гледачите.

По првата емисија каде гостуваа Тони Михајловски и Ѓоко Таневски, денес во Томато продукција се снимаше втората емисија од ова ток шоу каде гостин беше познатата балканска ѕвезда на сите времиња Здравко Чолиќ кој на 31-ви мај ќе одржи голем спектакуларен концерт во спортската арена “Борис Трајковски”. Во текот на снимањето Весна Бејби доби бакнеж од Чолиќ, нешто на што многу од неговите обожавателки можат да и позавидат. Што кажа познатиот пејач за себе, својата кариера, гостувањето во Скопје и закажаниот концерт, погледнете во недела во 19.15 на ТВ Алфа.

Vesna_ZdravkoПодготви: Кристина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: