Во прв ред

Пролетен фестивал на виното во Комплексот “Македонско село” (Фото)

Од 20-ти до 22-ри април во Комплексот “Македонско село” ќе се оддржи третиот по ред Пролетен фестивал на виното. Ние како и секогаш досега, па така и овој пат ќе ве информираме и ќе пишуваме за музичкиот дел од оваа манифестација за која веруваме дека и овој пат ќе има што да понуди. Освен вината и разно-разните деликасни производи, музичката програма на овогодинешниот пролетен фестивал секојдневно ќе започнува во 17 часот, а како дел од неа ќе бидат познати македонски веќе докажани музички имиња на македонската и светска музичка сцена. Во продолжение, погледнете кој се ќе биде дел од Пролетниот фестивал на виното во Комплексот “Македонско село”.

Почеток на Пролетниот фестивал на виното/20.04.2018

  • Миле Кузамновски
  • Група “Ѓезме”

Втор ден од Пролетниот фестивал на виното/21.04.2018

  • Фолтин
  • Бени Нон-Стоп

Трет последен ден од третото издание на Пролетниот фестивал на виното/22.04.2018

  • Каролина Гочева
  • Контраплан

Се надеваме и искрено веруваме дека барем малку ви помогнавме во музичкиот избор и во она како и каде би можеле заедно со семејството, најблиските, пријателите или роднините да го поминете во одлична и опуштена адмосфера викендот кој што ни следи.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: