Музика на кирилица

Funk Shui со промоција на два нови сингла

Следната недела Авалон продукција заедно со скопскиот бенд Funk Shui ќе го промовираат првото издание на “Импулс” кое што ќе се оддржи во Станица 26. На промоцијата, како што дознава Музика24, Лука, Давид и Мики во живо ќе ги изведат новите два сингла: “Стаклени нозе” и “Виулица/Сомнежи?” кои се дел од новиот албум на Funk Shui кој е во подготовка и треба да излезе годинава, како и музика од нивните претходни изданија.

Funk Shui е скопски бенд кој комбинира повеќе различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. Создаден е пред осум години во длабочините на МКЦ, а комплетиран од тројца млади генијалци кои создаваат своја лична авторска музика. Настанот ќе биде од затворен карактер и наменет за соработниците и пријателите на Авалон продукција, медиумите, како и мал број на фанови на Funk Shui.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: