Во прв ред

Скопскиот џез фестивал и Институтот “Гете” Ве покануваат на џез промоција

Скопскиот џез фестивал и “Гете” Институт вечерва во киното “Фросина” во Младинскиот културен центар со почеток во 20 чесот, Ве покануваат на промоција на компакт дискот “On Tour” на групата Backyard Jazz Orchestra. Во рамките на промоцијата ќе биде одржан концерт на Duo Schultze-Ewald & Friends, а ќе биде прикажан и документарниот филм “Backyard Jazz Orchestra on Tour” кој опфаќа материјали од турнејата на бендот во Германија, Австрија и Југоисточна Европа, како и од настапите на џез фестивалите во Венеција и Трст. Режисер на филмот е Босанката Аида Кадриспахиќ.

Backyard Jazz Orchestra е балкански бенд од поинаква сорта. Проектот, инициран од “Гете” институтот од Скопје, претставува соработка меѓу германскиот пијанист Штефан Шулце и неговиот долгогодишен пријател, саксофонистот Питер Евалд. Двајцата студирале во Келн и Њујорк и стојат зад бендовите Oktoposse и schultzing. Во Backyard Jazz Orchestra членуваат 15 музичари од 8 земји, чија цел е да го претстават богатото музичко наследство на Балканот низ современиот џез израз. Музиката на бендот ја содржи експерименталноста и експресивноста на Шулце и Евалд, втопени во балканската мелодија, емоционалност и карактеристичните ритмови.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: