Магазин

Фолк пејачот Марјан Коцев стана татко (Фото)

Познатиот фолк пејач Марјан Коцев и неговата сопруга Билјана во средата го добија своето прво дете, ќерката Дуња. Среќниот татко радосната вест ја сподели со своите пријатели на Фејсбук.

“Среда 11:09 на денот на роденденот на мојот татко Мирче го добив најубавиот подарок, се роди Дуња, третиот член на семејството Коцев. Сега сум најсреќниот татко”, вака гласеше статусот на пејачот на неговиот фејсбук профил.

Марјан Коцев - статус на неговиот фејсбук профил

Неговата сопруга Билјана се породила во Гинекологија Чаир, а малата Дуња тежела 3,2 кг а долга е 52 сантиметри. Пејачот кој на својот профил на Фејсбук објави фотографија од неговата наследничка, доби голем број честитки од своите пријатели и колеги за приновата.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: