Во прв ред

Со концертот на Реља Поповиќ во “Calypso” Прилеп ја стартува летната шема (Фото)

Клубот “Calypso” од Прилеп со огромно задоволство ви го најавува долго очекуваниот концерт на Реља Поповиќ. Нема откажување, нема презакажување, датумот е решен сабота 4-ти март, велат организаторите. Поради преголемиот интерес и број на резервации, акртите ќе бидат во ограничен број. Информации и резервации можете да направите на следните броеви: 078/337-475 и 075/829-369.

Концертот кој што се одржува вечерва во еден од најпосетените клубови во Македонија требаше да се одржи на 14-ти јануари, но поради ненадејната смрт на мајка му истиот се откажа и презакажа за вечерва. Дечкото кој сите го запознавме како дел од групата “Елитни одреди”, денес како соло артист прави вистински бум каде и да настапува, па така и овој пат во градот херој, градот под Марковите кули, Прилеп очекуваме и веруваме дека ќе направи незаборавна ноќ за сите присутни.

А за она како поминал концертот на Реља, отворањето на летната сцена од прилепскиот клуб “Calypso” и многу повеќе за настанот, читајте Музика24 и наскоро ќе дознаете.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: