Во прв ред

Во фебруари, Paul Van Dyk во Скопје

Една од најголемите диџеј ѕвезди во светски рамки, Пол Ван Дајк на трети февруари следната година доаѓа во Метрополис Арена во Скопје. Ова нема да биде прв настап на овој германски диџеј на македонска територија, но ќе биде дел од неговата голема светска турнеја на која овој добитник на Греми Награда ќе посети светски метрополи меѓу кои и Скопје. Неговиот сет освен најголемите хитови кои што го лансираа на врвот, ќе биде надополнет и со траки од најновиот албум “The politics of dancing 3”.

Matthias Paul за домашните, Пол Ван Дајк за светот, e добитник на Греми награда за албумот од 2003 насловен Reflections. Во 2005 и 2006 година беше прогласуван за диџеј број 1 во светот. Досега има продадено повеќе од 5.000.000 албуми ширум цел свет. И денес се брои помеѓу првите вистински суперстар диџеи. Освен на своите траки, Пол Ван Дајк работел и на песни од Мадона, У2, Депеш Мод, Џастин Тимберлејк и многу други.

Оваа германска ѕвезда секоја година има свој самостоен диџеј сет во Централ Парк во Њујорк. Влезниците за неколкучасовниот диџеј сет на Ван Дајк во Метрополис Арена во Скопје на трети февруари, се пуштени во продажба преку проджната мрежа на Купикартизасе.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: