World Music

Интересно: И мајката на Џастин Бибер пропеа?!

Џастин Бибер и покрај тоа што е актуелен по своите досетки и лошо однесување, сепак, светската јавност малку омекна кога ја прочита следнава вест. Имено, тој тајно и без било кој друг да знае, компонирал песна за својата мајка Пети Малет која и ја подарил точно на Божиќ. Потоа тие заедно влегле во студио и истата ја снимиле. За сето ова Малет вели:

“Многу се забавувавме, а Џастин беше фантастичен на снимањето. Тоа беше одлично искуство за двајцата”, изјавила мајката на Џастин Бибер. Иако уживала во снимањето, Пети изјавила дека засега нема план и таа да влезе во музичките води.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: