World Music

Легендарната кралица на соул музиката Арета Френклин заминува во пензија

Легендарната кралица на соул музиката Арета Френклин ќе замине во пензија, но не пред да го објави својот последен албум во плодната петдецениска кариера. Имено, 42-ри по ред студиски албум на 74-годишната дива ќе стигне во септември, а дел од песните ќе ги продуцира нејзиниот исто толку легендарен колега Стиви Вондер.

“Едвај чекам да влезам во студио”, рече пејачката во разговор со една американска телевизија додавајќи дека е и повеќе од задоволна од својата кариера, но време е да се пензионира бидејќи сака да помине повеќе време со своите внуци пред да заминат на колеџ. Претстојното издание ќе содржи сосема нови, оригинални песни, а ќе го наследи “Aretha Franklin Sings the Great Diva Classics” од 2014-та, каде што се сместени 10 преработки на познати хитови од нејзините колешки, како што се Адел, Барбра Страјсенд, Глорија Гејнор, Ета Џејмс, Алиша Киз и други.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: