World Music

Познатиот рапер Џеј Зи се кае што продавал дрога на деца

Сопругот на мегапопуларната Бијонсе, славниот Џеј Зи тврди дека менаџерските способности ги научил на улиците на Њујорк, кога бил дилер на дрога. Богатиот рапер потоа додаде дека подоцна се срамел од својата работакако дилер , бидејќи дрогата многу лошо влијаела на децата.

“Многу финеси за бизниосот научив додека продавав крек. Тоа го работев за да купувам инструменти. Сега жалам, бидејќи ги упропастував децата”, изјави Џеј Зи. Познатиот рапер инаку на 12 годишна возраст пукал во својот роден брат, кој бил поранешен зависник, неговиот брат Ерик му го крадел накитот за да си купува дрога. Џеј Зи и Бијонсе во последните неколку години секогаш се меѓу најбогатите музичари на светот според магазинот Форбс.

Подготви: Катерина Димиќ

Можеби ќе ве интересира: