World Music

Bono Vox од “U2” нема да може да свири на гитара?!

Bono Vox, фронтменот на кутната група “U2”, изјави дека можеби веќе никогаш нема да може да свири гитара поради повредата на лактот. Како што објави британскиот печат, 54-годишниот рокер имал повеќекратна скршеница на рамото и раката, со кои се здобил паѓајќи од велосипед во Централ парк во Њујорк во ноември. По несреќата бил подложен на петчасовна операција, кога лекарите во лактот му вградиле три метални плочи и 18 титаниумски шрафови. Bono вчера на веб страницата на својот бенд напиша дека заздравувањето било многу потешко отколку што очекувал и оти можеби веќе никогаш нема да може да свири гитара на своите јавни настапи.

“Членовите на мојот бенд ме потсетија дека ниту тие, ниту целата западна цивилизација нема да жалат поради тоа”, се пошегува славниот музичар. Тој додаде дека ќе мора повеќе да вежба за да биде во форма за планираната светска турнеја на групата “U2”, што треба да почне во мај во Ванкувер, Канада.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: