World Music

Поради безбедносни причини “Depeche Mode” го одложија концертот во Киев

Познатата британска група “Depeche Mode” која што во средата требаше да го одржи својот концерт во Киев, истиот го откажа и презакажа за некое друго помирно време. Тие изјавиле дека поради безбедносни причини морале да го превземат овој чекор, пред се поради безбедноста на музичарите и посетителите.

“Поради нестабилната ситуација во Киев не може да се гарантира дека во текот на концертот нема да има инциденти”, изјавила групата. Како што пренесуваат светските медиуми, членовите на “Depeche Mode” изразиле солидарност со народот на Украина, која во овие моменти поминува низ тешка ситуација проследена со крвави немири што траеја повеќе недели. Групата во моментот е на турнеја и до сега ги има посетено и одржано концерт во Москва, Санкт Петербург, Полска, Минск и Рига.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: