Во прв ред

Утре во “X Factor” – песни од менторите

Во утрешниот и последен live од регионалното тв шоу “X Factor”, ќе можеме да ги видиме финалистите како пеат песни на своите ментори. Ова можеби ќе претставува еден од најтешките live настапи за нив, бидејќи секој од финалистите ќе сака да се претстави во најдобро светло и да го импресионира својот ментор. Утре ќе се знае кои петмина продолжуваат во големот финале.

Од финалистите кои преостанаа, утре на сцената на “X Factor” ќе ги видиме: Даниел Кајмаковски, Тамара Миловановиќ, “Доктори”, Маид Хечимовиќ, Лукијан Ивановиќ и Илма Карахмет.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: