Во прв ред

На 17-ти мај големо отворање на најдобриот клуб во Прилеп – Calypso

Досега на многу наврати сме пишувале за овој познат и како што велат најдобар клуб во градот под Марковите кули, а и пошироко, познатиот клуб Calypso. Токму за ова место, за овој клуб имаме да ви соопштиме една интересна и се надеваме радносна вест за сите вас кои редовно го посетувате. Како што дознаваме, после големото и детално реновирање на 17-ти мај или за само неколку дена повторно луди, незаборавни и откачени забави со многу познати македонски и балкански музички имиња. Кога сме веќе кај нив, слободно може да споменеме дека досега во Calypso настапиле: Саша Ковачевиќ, Анабела, Јелена Розга, Милица Тодоровиќ, Реља Поповиќ, Николија, голем број на познати македонски и светски DJ-и, како и познати бендови и групи.

Токму во овој стил, со голем број на новитети (креативни забавни наградни игри, понуди на денот, разно-разни коктели…) и понатаму продолжува ова единствено место кое ги собира секојдневно младите од Прилеп, Крушево, Битола, а и околината. А за сите заљубени, романтичари и парови кои сакаат малку интимност и разговор очи в очи тука е и новиот целосно реновиран базен кој во летните топли денови ќе понуди малку разладување и опуштање.

И да не заборавиме, 17-ти мај се отвара комплетно реновираниот клуб Calypso во Прилеп каде вечерта ќе ве забавуваат: DJ Sinisha, Mario Eddie, DJ Meto S, како и David Kay. На 19-ти мај на сцената на Calypso ќе настапи познатата DJ Nastia Zoloto од Украина, додека ден потоа на 20-ти мај Calypso ви најавува голема забав со Димитар Андоновски и “Тајфата”. И иако сакавме да биде изненадување, сепак, ќе откриеме дел од плановите и она што го планира менаџментот на овој клуб. Имено, на 9-ти јуни голема незаборавна и луда забава ви најавуваат со популарниот и балкански пејач Саша Матиќ кои веруваме дека со своите старо-нови хитови ќе направи да се чувствувате привилегирани и пред се опуштени и расположени. Уживајте и следете ги најавите на Calypso.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: