Во прв ред

Во Куманово вчеравечер стартуваше Меѓународниот тамбурашки фестивал

На градскиот плоштад во Куманово од вчеравечер до сабота, по 14-ти пат ќе се одржи Меѓународниот тамбурашки фестивал, соопштија на денешната прес-конференција надлежните од општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт. На трите фестивалски вечери ќе настапат познати тамбурашки оркестри од земјата и регионот.

“Првата вечер ќе биде посветена на 35 години од кариерата на нашиот сограѓанин и естраден уметник Нино Величковски, а петок и сабота ќе бидат посветени на тамбурашките оркестри. Организацијата на овој фестивал е на Фондацијата за култура и спорт, а под покровителство на општина Куманово, односно градоначалникот и Советот на Општина Куманово”, изјави Цоки Ристевски од локалната самоуправа. Заедно со Величковски на првата вечер ќе настапат Виолета Томовска, Маргица Антевска, Октет Куманово, Наум Петревски, Сандра Милковска, како и тамбурашките оркестри “Велос” од Нови Сад, Република Србија и “Пријатели” од Скопје.

“На 24-ти август гости ќе се “Кумановски тамбураши” со солистите Сандра Милковска и Нино Величковски, Тамбурашкиот состав “Рубато” од Пожега-Република Хрватска, Градскиот тамбурашки оркестар “Пљевље” од Црна Гора со солистите Нина Стругар, Дејан Шкулетиќ и Мугдин Нухановиќ, како и тамбурашкиот оркестар “Велос” од Нови Сад победници на Светсккиот тамбурашки фестивал”, изјави Величковски. Третата и последна фестивалска вечер ќе ја отворат Радовишки тамбураши, Ансамбл на Здравко Ќосиќ од Бања Лука, како и тамбурашките оркестри Ужице и Вараждински тамбурашки оркестар.

Како што посочи Величковски, доколку постои идеја од угостителите може да се организира и манифестација од типот на “Пивофест”, но зависи од заинтересираноста на граѓаните. Од буџетот на општина Куманово за организација на 14-то издание на фестивалот се одвоени 800.000 денари, додека 150.000 денари се од Министерството за култура.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: