Балканленд

Аца Лукас го промовира новиот албум и најави книга, филм и серија за неговиот живот

Контроверзниот пејач често е мета на таблоидите поради неговиот развратен боемски начин на живот, но токму затоа публиката го обожава. Несомнено, неговиот албум ќе биде еден од хитовите на годината. Новиот албум на Аца Лукас, „Успаванка за озбиљне бебе“ од четврток, 25-ти март ќе е достапен за сите негови обожаватели.

Овој албум е во најголем дел резултат на соработката на Аца Лукас со славните композитори и текстописци Драган Брајовиќ – Браја, Владимир Граиќ, Леонтина Вукомановиќ, како и со продуцентот Саша Мирковиќ. На албумот се наоѓаат песните „Успаванка за озбиљне бебе“, „Макина“, „Демон“, „Мама“, „Хотел“, „Ленка“, „Учила си од најбољег“, „Душа проклета“, „Стравично“. Но и три дуети: „Кидаш ме“ со Милица Павловиќ, „Проблем“ со Маја Беровиќ и „Нико као ти“ со Даниела Враниќ.

Како што дознаваме од ПР тимот на Лукас, покрај албумот, наскоро ќе се појави и книга за животот на Аца Лукас, подготвена од Вања Булиќ, а публиката може да очекува филм и серија инспирирана од бурниот живот на Лукас.

Можеби ќе ве интересира: