Балканленд

Бугарките од “Пајнер” добија 1 милион евра!?

Надалеку познатата бугарска продукција “Пајнер”, во чие сопствеништво е и ТВ Планета од Оперативната програма за конкурентност на Европската Унија добила 1 милион евра или скоро 2 милиони лева. Оваа продукција преку својата тв станица ги промовира своите пејачки, турбо фолкерки и нови песни, што за нив тоа тие го нарекуваат Чалга, што во наш превод на друг начин никако не би можеле да го преведеме освен како турбо фолк.

Оваа одлука на ЕУ во соседството е прифатена и карактеризирана како скандалозна, интелектуалците критикуваат, додека бугарскиот турбо фолк зазема се поголем и поголем замав: На странците веројатно тоа им се допаѓа, бидејќи тие оваа музика ја доживуваат како “егзотична музика”.

Сопственикот на овие компании за да дојде до овие финансиски средства, на ЕУ им предложил проект кој според него е за потикнување и јакнење на конкурентноста на компанијата на домашниот пазар, како и модернизација на опремата и одржлив економски раст и зачувување на водечката позиција на компанијата.

Тој како единствен и главен за овој формат на музика, ветил дека со добивањето на овие сретства ќе вложи во привлекување на нови гледачи, остварување на подобар приход од маркетингот и отворање на нови работни места, а истовремено и поттикнување на бугарската економија. Така ни е кога незнаеме како, на кој начин и не сме единствени барам по ова прашање.

Бугарите ќе земаат сретства за “ширење на нивната музика”, а ние ќе тапкаме во место и потоа ќе се чудиме зошто најпосетувани забави и концерти се оние на бугарките од “Пајнер” и србинките од “Гранд”.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: