Балканленд

Црна Гора со провокативен спот за Евровизија (Видео)

Сите регионални медиуми денес зборуваат за Црна Гора и нејзиниот евровизиски претставник, кој синоќа ја претставил својата песна “Игранка”. Имено, хип-хоп групата “Who See” заедно со Нино Жижиќ синоќа ја претставиле песната и видео спотот за овогодинешниот Евросонг. Станува збор за исклучително енергична песна и многу помодерна од она што гледачите на Евросонг веќе навикнале, а по нејзиното објавување, таа веќе станала вистински хит на YouTube.

Кон дел од славата на оваа песна допринесува и спотот во кој се појавуваат разголени раскошни девојки кои ги покажуваат своите танцувачки способности преку “разиграните” облините.

“Спотот мораше да ја следи атмосферата на песната која е весела, жешка, шарена, а истиот го снимавме во најлошиот можен период, среде зима, со поројни дождови и температури близу нулата, но и покрај сите препреки, мислам дека направиме добра работа!”, изјавил режисерот на спотот, Зоран Марковиќ.

Во продолжение погледнете со која песна и спот Црна Гора ќе се претстави на Евровизија, а останува да видиме каков настап ќе приредат за сцената во Малме.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: