Балканленд

Есма задоволна од евровизискиот црвен фустан

Информативниот портал Либертас, пред само неколку дена ексклузивно во салонот на модната дизајнерка Елена Лука ја фотографираше нашата фолк дива и кралица на ромската музика, а воедно и наша евровизиска претставничка која овој месец во Малме, Шведска на втората полуфинална вечер заедно со познатиот поп пејач Влатко Лозановски-Лозано ќе настапат на евровизиската сцена.

Есма беше фотографирана во фустанот кој што таа ќе го носи на евровизискиот настап, а е креиран и изработен од модната куќа Елена Лука каде биле ангажирани 10-на вработени од нејзиниот моден салон за што пократко време да се заврши. Фустанот кој што е со црвена боја, која што е всушност омилената боја на Есма, е украсен со камчиња кои се набавени од странство. Есма задоволна од изгледот и комплетниот стајлинг, пред новинарите вети дека и покрај тоа што има мала алергија, таа достојно и достоинствено заедно со младиот Лозано, ќе ја претстави Македонија во најдобро светло пред европјаните.

Досега веќе пишувавме, првата верзија на евровизиската песна “Империја” по големите критики од страна на јавноста беше повлечена од МРТ и за кратко време беше промовирана новата песна со која Македонија ќе се претстави на Евровизија, а истата “Пред да се раздени” во Малме ќе се пее на македонски, ромски и англиски јазик.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: