World Music

Бијонсе премногу пребирлива

Дека Бијонсе е пребирлива и дека има премногу строги, детални, мали ситни и понекогаш и ступидни барања, го потврдуваат и организаторите на лондонскиот концерт. Како што велат тие за медиумите, таа им дала безброј барања, од кој речиси сите биле невообичаени, несекојдневни и со услов дека тоа мора по било која цена да се исполни. Меѓу нејзините бизарни барања било и тоа водата која што таа ќе ја пие да биде со температура точно 6,1 степен, во нејзиниот тоалет да има само и само црвена тоалетна хартија, својте пијачки да ги пие со сламка од титан која чини повеќе од 677 евра…

До каде ли одат понекогаш светските ѕвезди, до најситните детали… којзнае што се таа би побарала кога би требало да има свој концерт во Македонија. Не сакаме ни да претпоставуваме 🙂

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: