24 Ексклузивно

Ексклузивно: Ламбе и Магдалена уживаат по американските плажи

Нашиот македонски познат поп пејач Ламбе Алабаковски, ексклузивец на м2 продукција, веќе подолго време се наоѓа во САД каде што со својата вереница Магдалена Јовчевска ужива во убавините на земјата, истовремено прави пауза од музиката, се одмора и се запознава со нејзините родители како и останатите членови од семејството Јовчевски. Тој денес на својот фејсбук профил објави фотографија со својата љубена од една од тамошните американски плажи.

Што друго друго да кажеме, освен дека веројатно тамошниот живот му се бендисал на Ламбе, па никако да се врати во Македонија, но како и да е, љубовта е најубавата работа во животот па едноставно нека уживаат во неа овие две убави галебчиња. Ламбе пред неколку месеци ја побара Магдалена за своја сопруга во неговото омилено место, Бигорскиот манастир.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: