Балканленд

Јелена Карлеуша уште еднаш ги изненади своите фанови (Фото)

Јелена Карлеуша често има навика да ја изненадува јавноста со својот стајлинг. Овој пат таа е фотографирана во комбинација каква што досега не сме имале можност да ја видиме. Пејачката успеа да го спои неспоивото. Таа носеше комбинизон кој одозгора изгледа како јакна, додека долниот дел е пресечен како танга, а нејзиниот грб е гол.

Комбинезонот е во нежна розова нијанса. Ги истакнува облините и извајаната фигура на пејачката. На едната фотографија го искомбинирала со розови очила за сонце, а на втората со капа во слична боја, а на третата со розово плишано здолниште кое го носела преку комбинизонот.

Таа уште еднаш покажа дека може да ги износи и најнеобичните модни парчиња. Позитивните коментари не престанаа да се влеваат под фотографиите, па Карлеуша ја оправда титулата на голема балканска модна икона.

Можеби ќе ве интересира: