Балканленд

Пејачката Грујиќ има проблеми со социјалните мрежи

Младата и позната српска пејачка Катерина Грујиќ освен што досега се соочувала со проблеми на социјалните мрежи со лажни профили, таа вели дека од неодамна некој упорно се обидува нејзините профили да ги деактивира односно комплетно избрише. Но упорната пејачка, очигледно знае кој се обидува да и нанесе ваква штета, па таа се огласила на својот Facebook профил:

“Глувци, не успеавте да ме тргнете од Facebook. Дознавме кој се обидел да ме тргне и кој ми направи проблеми, па сега тој ќе има работа со надлежните органи. Со погрешна личност се спречкавте, ќе ве чини многу ова! Им се извинувам на моите драги фанови што ме немаше два дена на FB, но сега се е средено, гнидите изгубија! Ве сака и бакнува вашата Каќа”, напишала пејачката на својот Facebook профил.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: