Балканленд

Српската естрада сними новогодишна песна (Видео)

Тијана Дапчевиќ, Дејан Цукиќ, Ѓорѓе Давид, Бора Ѓорѓевиќ 0д “Рибља чорба”, Тања Бањанин, Сергеј Трифуновиќ, Маја Оџаклиевска… се само дел од мноштвото музичари и актери кои годинава по иницијатива на српската телевизија Скај Плус снимија новогодишна песна “Година снова”, а со самото тоа и видео за истата. Не е ова прв пат некоја локална или национална телевизија, продукција или музичар да ја собере српската естрада, независно дали станува збор за фолк, поп или рок музичари и да реализира новогодишен музички прокт со кој на своите фанови и сите останати им ја честитаат Новата година.

Додека нашите северни соседи музичари ја анимираат и забавуваат својата публика, нашата македонска музичка естрада е речиси заспана. Дали тоа е поради предвременото славење, трката по финансии, појавување во медиумите само по потреба… или станува збор за нешто друго, сеуште не сме сигурни.

Но искрено се надеваме дека 2013-та нема да ни се повтори и дека оваа година нашите музички имиња кои станаа тоа што се пред се поради публиката која ги слуша и купува билети за нивните концерти или настапи, ќе се свести и ќе почне да се активира.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: