Балканленд

Здравко Чолиќ за Балашевиќ: Го нема големиот поет и мојот голем пријател

Познатиот кантавтор Балашевиќ почина денес на 67-годишна возраст. По тој повод, се огласи пејачот Здравко Чолиќ, кој беше голем пријател на Балашевиќ.

“Ме изненади веста за смртта на Балашевиќ. Мислите дека таков голем човек и уметник никогаш нема да ве напушти. Големиот поет и мојот голем пријател ги нема, и затоа сите ќе останеме со огромна празнина. Ова е болен удар. Непоправлива загуба за културниот и јавниот живот на целиот регион, како и на сите обожаватели на неговата музика во светот. Еден од најдобрите го нема. Благодарам за сè”, рече Чолиќ за српски “Курир”.

Да потсетиме, Балашевиќ беше примен на Инфективната клиника пред три дена, каде се лекуваше од пневмонија. Пред неколку дена, извор близок до семејството откри дека кантавторот се чувствува добро и дека се шегувал со лекарите, сепак, според последните информации, славниот човек од Војводина починал на Клиниката за инфективни болести во Нови Сад.

Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад. Зад себе ги остави сопругата Оливера, ќерките Јована и Јелена и синот Алекс.

Можеби ќе ве интересира: