Балканленд

Цветелина Јанева и Александар Робов постигнуваат огромни успеси со првиот заеднички дует (Видео)

Денес 5-ти октомври свој роденден прославува една од најпознатите бугарски пејачи – Цветелина Јанева, која смело може да каже дека и претстои уште една убава година, имајќи го во предвид фактот дека дуетот со нејзиниот колега Александар Робов „Минутите“ реди успеси и за само неколку дена има регистрирано над 1.200.000 прегледи на официјалниот YouTube канал на музичката телевизија Планета.

Зад овој музички проект стојат Diamond Beat Production, Doron Rokah и Or Shaul. Со вокалите во песната се вклучува Цветелина Грахич, а визуелните ефекти се на 3D&VFX Nikolay Kirkov Enter Studio. Режисер на видеото е Николај Нанков, додека пак снимател е неговиот колега Николај Скерлев, за целосниот стајлинг на Цветелина се погрижи стилистот Добромир Кирјаков.

Во продолжение, погледнете го одличното видео парче на двете познати бугарски музички имиња.

Текстот го подготви: Наташа Секуловска/Естрада ворлд

Фото: ТВ Планета

Можеби ќе ве интересира: