Covers

DJ Mario Eddie и Led Robot Robbie Ray ви посакуваат Среќна Нова година (Видео)

Како и секогаш, така и овој пат предновогодишно ќе ги поддржиме младите музичари, артисти и сите оние кои сакаат и имаат што да кажат преку нашиот музички портал. Овој пат празнично и на само неколку дена пред најлудата ноќ ви ја претставуваме преработката на новогодишната и најпозната песна во светот “Jingle Bell’s”, песна која што нема а кој не ја знае или едноставно новогодишната химна.

Македонските музички артисти DJ Mario Eddie и Led Robot Robbie Ray специјално за Вас, своите фанови и поголемо новогодишно расположение ви ја претставуваат својата нова песна, преработка која веруваме на сите вам ќе ви се допадне. А за што поточно станува збор… погледнете и слушнете во продолжение.

Подготви: Марија Поповска

 

Можеби ќе ве интересира: