Covers

Мики Секуловски со ковер за “Impossible” (Видео)

По Shontelle и James Arthur (од “X Factor”) и нашиот македонски поп пејач Мики Секуловски кој што освен од идолот го паметиме и по многуте хитови по него, реши да сними ковер за песната “Impossible”. Песната е снимена во студиото на познатиот музички продуцент Зоран Алексиќ кој што се погрижи за аранжманот и продукцијата, додека пак гитарите што ќе ги слушнете се во изведба на Ристе Шанданов.

Оваа певлива и интересна песна со брз ритам е само мала најава за она што допрва следува од Мики, а тоа е нова песна за околу две недели и албум на кој што напорно се работи и се снима. Уживајте во коверот кој што верувајте ќе ви го направи денот попозитивен 🙂

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: