Фестивали

Скопскиот Џез Фестивал ве повикува на традиционалната јануарска годишна забава

Во четврток 24-ти јануари во МКЦ Клуб и Ресторан во Скопје ќе се одржи традиционалната јануарска годишна забава на Скопскиот џез фестивал на којашто ќе бидат промовирани новите календари на СЏФ за 2019 година, а со свои настапи ќе се претстават квартетот на џез-гитаристот Џоле Грујовски Квартет, како и џез-составот Fierce.

Доколку сте љубител и слушател на вистинскиот џез тогаш со задоволство организаторите ве очекуваат на традиционалното џез дружење. Не заборавајте, МКЦ Клуб и Ресторан, почеток 21 часот, влезот е слободен.

Можеби ќе ве интересира: