Имам нешто да те прашам

Александар Тарабунов: Едвај чекам да заврши славењето, да појдам на скијање во Банско!

Екипата на музичкиот портал Музика24, по одличната свирка во Битола на која што и тој гостуваше, накратко онака опуштено и предновогодишно го застанавме токму него, Александар Тарабунов, нашиот македонски познат поп пејач, со кој поразговаравме на нога, онака накратко за старата, но и новата година…

Музика24: Веќе часовите се бројат, Александар, каде за Нова година?

Александар Тарабунов: За Нова година ќе настапам во “Ало, ало” на кеј во Скопје.

Музика24: Што очекуваш од новата 2013-та?

Александар Тарабунов: 2013-та очекувам да биде поуспешна година, ако ништо друго, убаво е да се надеваме во секој случај.

Музика24: Освен што имаш свирки низ Македонија, што друго работиш моментално на музички план?

Александар Тарабунов: Моментално на музички план работам на мојата нова песна што ќе излезе набрзо во етер и се надевам ќе им се допадне на слушателите. Музиката ја напишав јас, текстот е на Игор Џамбазов, а за аранжманот се погрижи Дамјан Лазаров.

Музика24: До кога ќе те гледаме вака по свирки, кога ќе те видиме на еден голем солистички концерт?

Александар Тарабунов: Набрзо голем концерт сеуште не планирам, но и тоа ќе се организира, а вака настапувам постојано и феноменално си поминувам на секој мој настап.

Музика24: Новата година веќе е на самиот праг, кажи ни каде ќе ги поминеш новогодишните и божиќни празници?

Александар Тарабунов: Едвај чекам да помине славењето на Нова година и во јануари да одам на скијање во Банско.

Екипата на Музика24 од градот на конзулите – Битола, на Александар Тарабунов, но и на сите вас ви ја посакува вечерва да ја поминете преубаво, незаборавно и се разбира во најдоброто друштво и во новогодишно расположение.

За Музика24 од Битола: Весна Трифуновска

Можеби ќе ве интересира: