Имам нешто да те прашам

Јован Радњански: Нова година секогаш ја дочекувам еуфорично

Од неодамна заплива во брачните води, дефинитивно ќе ја памети 2012-та на приватен план. По дуетот со Софија Манева за “Секој ден”, пееше “Не ме издавај”. Сега можеби и “Би поминал низ жар” за неговото семејство и за албумот што си го го зацртал да го издаде во годинава што ни доаѓа.

Музика24: Како се чувствуваш секогаш кога се наближува Новата година, дали можеби како некое мало дете оставаш празни новогодишни чорапчиња и го чекаш својот подарок од Дедо Мраз, дали можеби размислуваш и потајно си фантазираш… дали можеби се чувствуваш некако посебно, новогодишно… или ти е сеедно што се наближува Нова година?

Јован Радњански: Нова година секогаш ја дочекувам еуфорнично, се подготвувам за секој детал и сакам се да биде под конец за вечерта која ја чувствувам како посебна. По влегувањето во новата си замислувам желба која сакам да ми биде исполнета, бидејќи е скромна секогаш ми се исполнува.

Музика24: Како вообичаено се подготвуваш за Новата година? Купуваш многу храна, некоја посебно убава книга, купуваш подароци за своите најблиски… си купуваш нешто за себе?

Јован Радњански: Купувам подароци за своите најблиски, тоа е ритуал што го правам секоја година, го полнам фрижидерот со храна и се обидувам да ми биде се тип-топ.

Музика24: Што претставува за тебе новогодишната еуфорија? Што претставува воопшто пречекот за Нова година, како го доживуваш сето тоа? Дали тоа и тебе ти се случува, дали те фаќа она новогодишното?

Јован Радњански: Влегувањето во Новата година за мене претставува нов циклус, нов почеток, нови случувања, со тоа заборавање на сите стари проблеми кои не сум ги решил со надеж дека во Новата година се ќе ми биде нај нај.

Музика24: Како и каде планираш да ја дочекаш Новата 2013-та година?

Јован Радњански: За прв пат Новата година ќе ја поминам поразлично во домашна мирна атмосфера во кругот на моите најдраги: сопругата Марија, кумашините Александар и Стефанија и малиот Филип кој има само 30 дена поради кои овој дочек ќе ми биде најмилиот и најдрагиот досега.

Музика24: Кој е според тебе настанот на музички план кој што ја одбележи 2012-та, а која пак песна може слободно да кажеме, дека е песна на годината?

Јован Радњански: Дефинитивно тоа е “Скопски фестивал”, иако оваа година не ми остави впечаток на плодна и успешна, не смеам да го заборавам албумот на Љубојна – “Брас фентази”, албумот на Лозано, прекрасното издание на Охридско лето. “Црно и бело” на Калиопи е според мене песна на годината.

Музика24: Кои се твоите планови, замисли… кои што би сакал да ти се остварат во текот на идната година, нешто што досега не ти се случило?

Јован Радњански: Би сакал конечно да издадам албум, го најавував многупати, но вистински се надевам и верувам дека во 2013-та година ќе се случи моето првенче. Исто така посакувам македонската сцена наредната година да изгледа поинаку, да се работи многу повеќе, да се создаваат повторно македонски хитови, концерти на македонски изведувачи, да се разбудат сите колеги и да направат барем по еден-два проекти.

Музика24: Што би им посакал во Новата 2013-та година на нашите интернет читатели, а воедно и на твоите фанови и обожаватели?

Јован Радњански: Вам од срце Ви посакувам многу успешна година, да имате за што да пишувате, а тоа значи многу многу музика и читаност. На сите други им посакувам да имаат пред се многу здравје, се друго само ќе си дојде.

Интервјуто го подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: