Културо

„Мистика“ на 14-ти декември во Македонската филхармонија

Овој четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонската филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Мистика” – посветен на опусот на италијанскиот композитор Пјетро Маскањи. На програмата се Интермецо „Il sogno” од операта „Гуљелмо Ратклиф”, Интермецо од операта „Пријателот Фриц” и музиката за филмот „Сатанска рапсодија” кој во соработка со Кинотеката на Македонија паралелно ќе се прикажува во текот на изведбата. Диригент е Масимилијано Калди од Италија.

Можеби ќе ве интересира: