Музика на кирилица

Евент индустријата бара подршка од Владата

Неформалното здружение на микро, мали и средни компании кои се директно или индиректно вклучени во индустријата во областите како: организација и реализација на настани, Тв и филмски продукции, помошни услужни дејности во уметноста за покривање на настани – осветлување, изнајмување на аудио/видео опрема.
Тоа се агенции за организирање на настани – концерти, манифестации, конференции, саеми, конгреси, промоции, корпоративни настани и компании ангажирани во изнајмување, монтажа и продажба на опрема за настани (изнајмување – аудио, видео,опрема за осветлување, ИТ опрема, саемска опрема, конференциска опрема, шатори идруго), како и видео продукции кои се ангажирани во продукцијата како продуценти,
автори, монтажери, графички дизајнери. Ова неформално здружение во моментов брои близу 80 компании кои вработуваат повеќе од 300 вработени. Покрај сите редовно вработени, оваа гранка ангажира и склучува голем број на договори на дело, а ангажира како подизведувачи и многу други сектори и индустрии.

Со не работењето на оваа индустрија, директно или индиректно се засегнати голем број на уметници од различни профили – актери, музичари, фотографи,сликари, дизајнери, костимографи, сценографи, светло мајстори, како и кастинг агенции, печатници, кетеринг служби, агенции за обезбедување, програмери, техничари, енергетичари, превозници, бравари, столари, и многу други.

Овие компании не бележат пад на приходите туку оставени без било каков приход.

Неформалното Здружение на компании ги предлага следните мерки:
1. Субвенционирање на минимална бруто плата за сите вработени до завршувањето на
кризата, односно до укинувањето на забраната за јавни собири
2. Одложување на наплатата на даночни обврски и аконтации во наредните 6 месеци,
односно додека не заврши пандемијата и рестартирање на пазарот
3. Мораториум на обврска по кредити и заеми сè до завршувањето на кризата, односно
до укинувањето на забраната за јавни собири
4. Овозможување за користење на субвенционирани бескаматни кредитни линии
Принципот на одлучување по сите 4 точки да биде за сите подеднакво а никако по
принципот прв дојден, прв услужен.

Можеби ќе ве интересира: